Македонија испиша историја во брзински мотоциклизам. Талентираниот мотоциклист Христијан Бузалковски го освои бронзениот медал на Европскиот ФИМ Европа СТК1000 шампионат на кружни патеки што се одржа минатиот викенд во Гробник, Хрватска.
Ова е историски резултат, затоа што досега ниту еден Македонец го нема постигнато овој голем успех. Младиот Бузалковски изјави дека ја извозелe најдолгата сезона во нивната кариера, а конкуренцијата била голема и навистина сериозна.
„Чест и задоволство беше да се бориме со тие тимови и да пробаме да се измешаме помеѓу најдобрите, иако немавме доволно тренинг на стазите коишто ги возевме (бидејќи секоја од стазите е на +1000 километри). Огромна благодарност до сите кои ме поддржаа и ми ја дадоа довербата, благодарност до сите спонзори и поддржувачи, и до мојот официјален спонзор Компанијата Велкоски за целокупната поддршка сите овие години. Продолжуваме уште појако, мала пауза и почнуваме со подготовки за следната сезона“, рече Бузалковски.