“Сто пати рани, рани, рани ме, но не ми брани јас да љубам не, тонеш во лаги барем еднаш признај се, солза на образ како плав сафир е”, се заразните љубовни стихови од рефренот на новиот макфестовски хит на Таско и Малена, напишани токму од Таско кој во многу песни па и во оваа се појавува во улога на текстописец. Автор е и на музиката заедно со популарниот Пајак, додека пак аранжманот, миксот и мастерингот се на хитмејкерот и продуцент Иван Јованов- Ивајо, а во заедничка интерпретација со младата пејачка Малена.
Навикнати сме Таско да го слушаме во дуети и соработки со доста познати музички имиња како Раста и слично, но овој пат Таско даде поддршка на една млада, харизматична и доста талентирана девојка.
Магдалена Јаковска- Малена е осумнаесет годишна пејачка која пред само неколку месеци учествуваше во македонското музичко тален шоу “Пат до ѕвездите”, каде успева да се пласира во големото финале. Веднаш после тој настап кој се емитуваше во живо на една од нашите телевизии, добива повик за соработка од Урбан Рекордс и така станува новиот ексклузивец на продукцијата. Таско беше дел од музичкото жири во тоа шоу, така што веќе беше добро запознаен со нејзиниот голем талент.
Таско оваа година се оствари како родител и стана татко на Лукијан. По кратката пауза се враќа на голема врата на музичката сцена со летниот хит “ Намерно “ во соработка со Пајак, а сега и со макфестовскиот хит “Сафир”.
Спотот за “Сафир” е во режија и продукција на Никола Наумовски и Гордан Божиновски од Урбан Рекордс , а се снимаше на Галичник и во Prolight студио.
Го имаме хитот од Макфест 2022 “ Bella” – Пајак & Лара ,кој зеде награда за најслушана композиција помеѓу два фестивала, а се чини дека ќе го имаме и хитот од Макфест 2023 “Сафир” – Таско & Малена, ,( и двете под палката на најпродуктивната Урбан Рекордс,) кој веќе високо котира на врвот на трендинг листата на Јутуб, но за тоа сепак ќе покаже годината пред нас..