Актерката Скарлет Јохансон се појави во елегантен црн фустан, совршен за претстојните празнични прослави.
На отворањето на луксузната продавница за накит Дејвид Јурман, таа го украде целото внимание со својот елегантен изглед и идеалната црно-бела креација. Црниот фустан има неверојатен, впечатлив детал, драматични ракави во бела боја украсени со машнички.
Креацијата го носи потписот на брендот Каролина Херера и е создадена за претстојните празници, па доколку барате парчиња за таа пригода, можеби ќе ви послужи како инспирација.
За комплетниот изглед на познатата актерка се погрижи познатата модна стилистка Кејт Јанг.