„Дали си маж“ – краткиот филм на режисерот на „Исцелител“, Ѓорче Ставрески, ќе се прикажува на една од најголемите стриминг платформи „Ејч-Би-О Макс“ од 1 јануари.
„Со Исцелител иемавме над 20 интернационални награди. Беше првиот филм на HBO македонски и беше кандидат за Оскар, си го изоди тој успешен пат. Ни даде видливост. Токму преку него се запознав со продуцентката Ивана Шекутковска, и веднаш потоа дојдовме до идеја, всушност и ова беше нејзина идеја да направиме еден краток филм“ вели Ставрески за „Слободен печат“.
„Дали си маж“ веќе почнува да се прикажува на светските филмски фестивали и добива позитивни критики.
Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија и Филмскиот центар на Србија.