Васко Тодоров, познат уште и како „Тошо Малерот“ од К-15, е вработен како еден од воспитувачите во младинските куќи на СОС Детско село.
Тој во сторијата на Канал 5 изјави дека социологијата, комедијата и грижата за некого имаат нешто заедничко, а тоа е разбирањето на однесувањето, мислите и чувствата на луѓето.
„Цело време работам како воспитувач и тов што сум го работел има воспитна димензија. К-15 конкретно е најголемиот социолошки проект што е направен во Македонија, постоеше 20 години. Јас кога влегов овде веднаш се заљубив затоа што тоа ми лежи, тоа ми е професија. Не е едноставно, меѓутоа ако jа сакаш оваа професија нема поубаво од тоа. Посебно резултатите кога ке пораснат тие деца“, рече Васко Тодоров.
Вели дека иако оваа работа носи свои предизвици, тој целосно се пронаоѓа во неа. Младинската куќа ја чувствува како свој дом, а најголемо задоволство му претставува сведоштвото за тоа како младите прераснуваат во зрели луѓе со вистински вредности.