Кошаркарот Перо Антиќ не ја крие повеќе својата девојка.
На социјалните мрежи тој сподели дека е во врска со инфлуенсерката Сања Ристиќ, која сите ја паметат и по детскиот хит „Ех, тој Тоше“.
Претходно имаше бројни шпекулации која е новата девојка на Антиќ, а некои дури ја споменуваа и пејачката Цеца Ражнатовиќ, но Антиќ демантираше.
Сања на својот профил на „Инстаграм“ објави заедничка фотографија на која двајцата носат новогодишни црвени пижами со мече, додека Антиќ, сподели црно-бела фотографија од заљубен пар со порака „Голем луксуз е денес да имаш некој кој сака сè со тебе“.
Перо Антиќ во минатото беше во врска со манекенката Катарина Ивановска, а Сања Ристиќ со ракометарот Дејан Пецаковски.