Музичарот Бени Шаќири е избран за директор на Младинскиот културен центар, а според информациите, тој утрово веќе дошол на работа.
Шаќири беше еден од кандидатите, заедно со дипломираниот продуцент и филмски работник Никола Мадиќ и Владимир Стојчевски, дипломиран продуцент и професор.
Шаќири доаѓа на местото на Никола Алексов, дипломиран детектив, кој беше поставен на функцијата во јануари откако градоначалничката Данела Арсовска го разреши Ванчо Богоев.
Текстот Бени Шаќири е нов директор на МКЦ е превземен од МАКФАКС.