Александра Јанева има нов музички проект. Вчеравечер на јавноста и ја претстави својата нова песна која го носи насловот „Дождови“, нумера која денови наназад ја најавуваше на своите социјални мрежи. Песна со моќен текст кој ја воодушеви публиката на прво слушање.
„Голем предизвик е да траеш на македонската музичка сцена толку години и да се трудиш да ги следиш сите актуелности, а сепак да останеш доследен на квалитетот кој за мене лично е многу важен. За овој проект вклучивме и нови, млади луѓе кои ни дадоа свежа енергија. Голема благодарност и до „Dance Team Fusion“. Горда сум на целиот тим кој работеше на овој проект и се радувам на сите следни песни кои наскоро ќе излезат, а на кои веќе напорно се работи“, вели Александра.
Авторскиот тим кој се потпишува за ова ремек дело се: музика и текст – Лазар Цветкоски и Александра Јанева, аранжман и продуцент – Лазар Цветкоски, а видеото, пак, кое е приказна за себе и приказна полна со многу драги луѓе на Александра е работено со Горан Симјановски.