Француската актерка Џидит Годреш го обвини филмскиот режисер Беноа Жако дека ја силувал кога имала 14 години во 1986 година и подоцна во 90-тите.
Француското Обвинителство отвори прелиминарна истрага за извештајот, кој, според адвокатот на Годреш, во вторникот бил доставен до Бригадата за заштита на малолетниците во Париз, јавува Би-би-си.
Жако, пак, во интервју за „Монд“ изјави дека целосно ги отфрла „нејзините тврдења и обвинувања“.
Жако режира филмови од средината на 70-тите, а го отвори 62. меѓународен филмски фестивал во Берлин со драмата „Збогум, моја кралица“ од 2012 година.
Текстот Француска актерка го обвини славниот режисер Беноа Жако за силување е превземен од МАКФАКС.