Американското здружението на филмските актери (SAG) ја исправи неправдата и постхумно му оддаде чест на Метју Пери.
Во саботата во Лос Анџелес постхумно беше одликуван Метју Пери, а покрај него постхумна награда доби и Хари Белафонте.
Наоми Вотс го претстави сегментот, пофалувајќи ги покојните актери за нивниот придонес во професијата и белегот што го оставија.
„Изгубивме толку многу извонредни актери во изминатата година, но бидејќи тие го допреа светот со својот талент, сите ја споделуваме нивната загуба“, рече таа.
„Ние кои работевме со нив, покрај нив, длабоко ја чувствуваме нивната загуба и нивното отсуство. Се разбира, секогаш ќе се сеќаваме на нив“, додаде Вотс.