Петар Грашо и Хана Хуљиќ го очекуваат своето второ дете

Петар Грашо и Хана Хуљиќ го чекаат своето второ дете.

Ова го потврди пејачката во емисијата Ин Магазин. Парот ќе станат родители по втор пат, откако пред година и девет месеци ја добија малата Алба.

 

 

Хана неодамна проговори за мајчинството.

„Толку многу уживам во секој момент со неа, знам дека брзо ќе порасне и можеби сега едвај чекам да порасне, но кога ќе порасне ќе ми биде жал. Убава е, весела е. Таа донесе нешто посебно во нашиот живот“, изјави Хана. Вели дека многу и помагаат двете баби.

Хана е среќна што Алба расте во вљубено семејство.

„Горда сум што детето расте во љубов, што за жал не е толку често во денешно време и секогаш ми е жал за децата кои ја немаат  и ми е тешка тема“, додаде таа.

Хана и Петар се венчаа во февруари 2022 година во Сплит.

Scroll to Top