Сварете ги јајцата на вообичаен начин.
Посебно во сад истурете 100 грама чај од хибискус и прелијте го со литар топла вода.
Додадете една лажица оцет и потопете ги јајцата во подготвената смеса. Вадете ги едно по едно јајце, заедно со хибискусот и ставете ги ги во проѕирна кујнска фолија.
Оставете неколку минути.
Сушете ги на собна температура. Ако сакате мермерен ефект врз јајцата, тапкајте ги со хартиена крпа додека се се’ уште влажни.