Гоце Пејковски годинава одбележува 25 години успешна музичка кариера и токму по тој повод, како вистински професионалец и баш онака како што доликува, најавува голема прослава – Боемска рапсодија на Боемска улица Дебар маало, која ќе се одржи на 12 јуни, следниот месец.
Музиката е прва љубов на Гоце. Со неа заспива и се буди цели 25 години. Низ текот на овие години достигна многу успеси, а во моментов ги живее најубавите моменти од својата кариера.
Иако долги години опстојува на музичката сцена, тој успеа да остане доследен на стилот кој го негува и вооошто не подлегна на музичките трендови, ниту пак се фрли на експериментирање кога авторите се во прашање.
Многупати досега докажа дека е мајстор за добри забави, па ништо поразлично нема да биде и на 12 јуни. Затоа добро запомнете го тој датум. Забавата со Гоце е секогаш загарантирана! Се гледаме на Боемска!