Уапсен синот на Николас Кејџ, ја нападнал мајка си

Вестон Кејџ Копола, синот на актерот Николас Кејџ е уапсен оти ја нападнал мајка си додека имал ментална криза. Полицијата во Лос Анџелес потврди дека Вестон вчера бил казнет поради напад со смртоносно оружје, само неколку недели откога неговата мајка, актерката Кристина Фултон беше забележана со големи модрици, објави „Дејли Мејл“.

Полицијата го ослободи со кауција од 150.000 долари, а американските медиуми објавуваат дека Вестон од притвор го извлекол неговиот татко.

„Семејството знаеше дека ова ќе се случи, но сепак не е потребно да кажеме дека ова е голем шок“, изјави за медиумите близок пријател на семејството.

Мајката и синот на 28 април, годинава во Лос Анџелес прво се расправале, а потоа расправијата прераснала во тепачка.

 

Scroll to Top