Во Италија започнува серијата за Ангела Меркел во улога на детектив

Во Италија беше прикажана првата епизода од германската серија „Госпоѓа Меркел и убиството во замокот“, инспирирана од поранешната канцеларка Ангела Меркел и госпоѓицата Марпл, лик создаден од писателката Агата Кристи.

Серијата започнува по завршувањето на нејзиниот мандат, а Меркел живее во Источна Германија со сопругот и телохранителот и почнува да го истражува криминалот бидејќи пензионерскиот живот и здодеал.

Серијата во два дела е базирана на трилогијата на писателот Дејвид Сафиер, кој наведува дека инспирацијата за оваа тема ја добил откако дознал дека Меркел нема да се кандидира за реизбор во 2019 година, пренесува Дојче веле.

Италијанскиот весник „Кориере дела сера“ забележа „извесна врева и изненадување на социјалните мрежи“ откако трејлерот за првата епизода беше објавен на платформата Х.

Scroll to Top