Режисерот Гоце Цветановски за инспирацијата

„Стивен Кинг има кажано ‘Кога си инспириран, пишувај. Кога ти треба инспирација, читај’ Јас на ова читај само би додал уште еден збор – живеј. Инспирацијата е секаде околу нас. Секое патување, секое ново познанство или средба со стари пријатели, секој муабет, секоја музика, голтка, залак, секој здив е дел од нас самите, и потоа тие нешта се мешаат со онаа магична состојка која некои луѓе ја нарекуваат душа. Оваа мешавина излегува од нас авторите во форма на приказна, или друг вид на уметност. Порано многу често црпев инспирација од соништата, од митологијата и од народните приказни. Рапот како музика не ми влијаел многу во творештвото, но усното прераскажување на приказни и тоа како. Секогаш ја спомнувам мојата баба, која ни раскажуваше приказни за самовили, вештерки, за јунаци и скриени богатства на нас децата кои со подотворени усти ги пиевме нејзините зборови и патувавме во далечни, непознати земји“.

Гоце Цветановски, режисер

Целото интервју на линкот.

Scroll to Top