Маратонецот Дарио Ивановски на 69. позиција го заврши маратонот на Олимписките игри во Париз.
Во конкуренција со 81 натпреварувач, Ивановски истрча за 2:28:15, и со тоа стана првиот македонски олимпиец кој завршил една маратонска трка.
Новиот олимписки шампион е Тамират Тола од Етиопија, кој ја заврши трката со 2:06,26. На второто место е Башир Абди од Белгија, а на третото Бенсон Кипруот од Кенија.