Во Лондон се одржа доделувањето на MTV Europe Music Awards (EMA). Тејлор Свифт, најголемата поп-ѕвезда денес, освои четири награди – Best Artist, Best Live, Best Video и Best US Act. Свифт не можеше да присуствува на доделувањето бидејќи нејзината турнеја Ерас се уште трае, па на публиката и се обрати со видео порака и им се заблагодари за наградите.
Покрај Тејлор, славеничка на вечерта беше и 22-годишната Тајла, која славеше во категориите Best R’n’B (најдобар изведувач во жанрот R&B) и Best Afrobeats (уметници кои придонесоа за светската популарност на Afrobeats и го шират овој жанр на меѓународната сцена со нивните песни).
Busta Rhymes ја доби наградата Global Icon Award, со која се оддава признание на уметници чие влијание во музичката индустрија е глобално признаено и трајно.
Лијам Галагер прослави во категоријата Best Rock (награда за изведувачи или бендови од рок жанрот кои особено се истакнаа во текот на годината со својата работа). Посебно симболично е што наградата ја доби во родниот Манчестер, каде годинава се одржа и доделувањето.
Водителка на доделувањето на наградите беше пејачката Рита Ора.