Пејачката и актерка Аријана Гранде сподели нови фотографии на мрежите во пресрет на мексиканската премиера на претстојниот филм Wicked.
Иако некои го пофалија фустанот што таа го избра за оваа пригода, други се појавија на социјалните мрежи за да ја изразат својата загриженост поради нејзиниот слаб изглед.
„Отсекогаш беше минијатурна, но сега изгледа како костур. А косата и е многу истенчена“, „Таа игра многу опасна игра, а јас ја играв додека не изгубив 40% од мојата коса поради неухранетост“, „Ова не изгледа добро“, истакнаа се дел од коментарите.
Поп ѕвездата носеше светло розев фустан од Версаче. Фустанот имаше длабоко деколте, поради што јасно се гледаа градите на Аријана, а и видно изразени и коските на нејзините раменици.