(Видео) Трамп и Илон Маск танцуваа на Денот на благодарноста

Доналд Трамп им се придружи на милиони Американци кои го прославија Денот на благодарноста на 28 ноември. Трамп го прослави празникот во својот приватен клуб Мар-а-Лаго на Флорида, а беше придружуван од милијардерот Илон Маск.

Секако, на прославата се приклучија и сопругата на Трамп, Меланија и нивниот син Барон. Во еден момент одеше песната Y.M.C.A, на која танцуваа и Трамп и Маск.

Неименуван извор открил за Page Six дека на забавата бил и холивудскиот актер Силвестер Сталоне. Поранешниот тренер на Патриотс, Бил Беличик, наводно бил меѓу многуте гости.

Scroll to Top