Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон оваа година слават особено значаен Божиќ. Кралскиот пар овогодинешните празници ќе ги помине на две локации, опкружени со семејство.
Според „Дејли мејл“, Вилијам и Кејт заедно со нивните деца ќе го посетат имотот Сандрингам, каде што престојуваат кралот Чарлс и кралицата Камила. Според традицијата, ќе присуствуваат на свечената миса во црквата Св. Марија Магдалена.
По мисата ќе приредат ручек во нивниот дом во Анмер Хол, каде покрај кралот и кралицата ќе им се придружат и членовите на семејството Мидлтон.
Извори за странските медиуми изјавија дека кралот со нетрпение очекува да ги поминат празниците заедно и дека наводно го надгледува планирањето на целата прослава.
„Кралот веќе го прифати божиќниот период и празничниот дух. Персоналот што го виде во текот на неделата вели дека изгледал среќно и здраво“, се вели во соопштението.
Овој Божиќ го означува првиот голем собир на кралското семејство откако на Кејт и на кралот Чарлс во јануари им беше дијагностициран рак. Кејт заврши со хемотерапија во октомври, додека кралот продолжува со неделните третмани.