ОВЕН
Ви претстои уште многу работа за успешно да го завршите потфатот на кој работевте извесно време. Доколку бидете поотворени за совети, може само да имате добивка. Слушајте ја личноста спроти вас, можеби ќе научите нешто навистина вредно. Со отфрлачки став, можете да влијаете на некој добронамерник кој се обидува да ви помогне.
БИК
Ако простите нечии мали престапи, самите ќе се чувствувате подобро. Не препуштајте се на моментумот што ќе ве обземе. Откријте нови и интересни предизвици во вашите секојдневни активности. Тие ќе ви помогнат да ја стабилизирате и психичката и материјалната состојба.
БЛИЗНАЦИ
Денот ќе ви понуди многу можности. Вклучете се активно во настаните и не пропуштајте ја вашата шанса. И запомнете дека покрај вас има луѓе кои ви посакуваат само најдобро. Нема да ве напуштат мислите поврзани со вашето образование и кариера. Имате незавршена работа таму којашто го чека вашето внимание.
РАК
Емоциите ќе владеат со повеќето претставници на знакот. Сепак, не бидете импулсивни за да не зажалите доколку задоцни. Слушајте ги советите на луѓето кои веќе тргнале по овој пат, може да ви бидат од полза. Избегнувајте непотребни конфликти и постапувајте внимателно. Вечерта ве очекува пријатно изненадување.
ЛАВ
Во друштво на блиски луѓе ќе можете да се одморите и да уживате во времето. Но, можни се и изненадувања кои предизвикуваат промена во вашите планови. Нема да наидете на потешкотии, и покрај непредвидливоста на настаните. Нечие одобрување ќе ве возбуди повеќе отколку ситуацијата.
ДЕВИЦА
Вашиот интерес да го завршите она што сте го започнале денеска ќе ве направи поконцентрирани и поодговорни. Очекуваните набавки ќе го зголемат вашето расположение, и тоа со добра причина. Финансиите ќе ви растат пропорционално на вашата ангажираност, за волја на вистината не можете да се жалите на недостаток од ангажмани.
ВАГА
Ќе вложувате напори, но нема секогаш да успеете да ги постигнете целите. Побарајте помош од луѓе што ги почитувате како професионалци и на кои можете да им верувате. Не ја преувеличувајте важноста на вашите проблеми и најдете време за одмор. Ќе имате избор и нема да зажалите.
ШКОРПИЈА
Денеска сте сериозни за нешто и тешко дека ќе го префрлите вниманието доколку не го постигнете она кон што се стремите. Сепак, ќе мора да направите неколку компромиси доколку сакате вашата работа да се развива. Бидете максимално воздржани во односите со луѓето коишто не ви посакуваат добро. Наскоро ќе имате можност да ја наметнете својата одлука.
СТРЕЛЕЦ
Време е да разберете дека сомничавоста ве кочи и во работата и во односите со другите. Бидете позитивни и ќе ги храните другите со вашите весели мисли, така што сите ќе се чувствуваат добро. Покажете разбирање за финансиско прашање. Вашата покажана издржливост ќе ви донесе привилегии во иднина.
ЈАРЕЦ
Ако вашите оценки и мисли не ги споделуваат повеќе луѓе, не се обесхрабрувајте. Не ги отфрлајте нивните совети и во исто време размислувајте за сопствените идеи за работите. Сигурно ќе откриете нешто ново за себеси што е вредно и може да ви го промени животот во позитивна насока.
ВОДОЛИЈА
Тековните состаноци и аранжмани ќе донесат резултати, иако во подоцнежна фаза. Некои од вас ќе ја споделат одговорноста со своите колеги, што ќе ги растовари и ќе ги израдува. Во деловен амбиент, ќе ги отфрлите вашите задачи, а истовремено ќе ги организирате вашите вечерни настапи. За некои тие имаат креативен контекст, за други – со пријателите но нема да ви биде зодевно.
РИБИ
Со вашата работа, вашето присуство и вашето зрачење им помагате на многу луѓе. Бидете внимателни, бидејќи тоа бара да останете на врвот без да покажете супериорност. Комуникацијата со луѓе во највисоките ешалони на моќ може да ви помогне до одреден степен, доволно е вие тоа го посакувате. Ќе испраќате подароци надалеку.