Хари и Меган објавија божиќна честитка, внимание привлече ретка фотографија од нивните деца

Принцот Хари и Меган Маркл објавија семејна честитка за претстојните празници. На него има шест фотографии, меѓу кои и ретка фотографија од нивните деца, синот Арчи (5) и ќерката Лилибет (3).

На фотографијата децата трчаат кон Хари и Меган, а тие ги пречекуваат со раширени раце.

Со фотографијата покажаа колку нивните деца пораснаа со оглед дека не објавуваа фотографии од нив откако Лилибет имаше само неколку месеци.

„Во име на канцелариите на принцот Хари и Меган, војводата и војвотката од Сасекс, Арчевел продукција и фондацијата Арчевел. Ви посакуваме среќна празнична сезона и радосна нова година“, е пораката на честитката на темно зелена позадина.

Во честитката има и фотографии од Хари и Меган за време на нивните патувања во Нигерија и Колумбија оваа година, а најголемо внимание привлекоа нивните деца.

Scroll to Top