(Видео) Шерон Стоун се огласи по гласините дека е во врска со Кевин Костнер

По бурниот развод со Кристина Баумгартнер, Кевин Костнер наводно флертувал со холивудската дива Шерон Стоун. Според магазинот In Touch, актерот бил близок со познатата актерка за време на церемонијата на доделувањето на наградите Governors во Холивуд на 17 ноември.

„Летаа искри и веќе си размениле броеви“, открил тогаш анонимен извор за споменатиот магазин. Тој исто така додал дека Шерон за време на разводот му била голем поддржувач на славниот актер.

„Дефинитивно изгледаше како да флертуваат еден со друг. Се започна со љубезен разговор, а потоа Кевин Костнер ја шармираше Шерон. Таа беше многу слатка и добро се справуваше со вниманието. Во еден момент му намигна“, додаде изворот.

Сепак, не и требаше многу време на познатата актерка да проговори и да ги демантира новите гласини. „Го познавам Кевин Костнер веројатно 30 години и мислам дека ако не сме се забавувале досега, веројатно никогаш нема да се забавуваме“, изјави таа неодамна за Екстра ТВ.

Scroll to Top