Синот на Памела Андерсон сака луѓето да ја знаат вистинската Памела и, како што вели, е решен да го промени нејзиниот имиџ.
Ѕвездата на Baywatch има два сина, Брендон и Дилан, со нејзиниот поранешен сопруг Томи Ли. Двојката беше во брак од 1995 до 1998 година. Една година откако се венчаа, протече видео од славниот пар како има секс. Ова ја инспирираше серијата Pam & Tommy, во која глумат Лили Џејмс и Себастијан Стен.
По успехот на Baywatch, Андерсон стана типична „бомба“ и „русокоса“, стереотип што со години се обидува да го исфрли од себе. Сега филмот The Last Showgirl и помага во тоа бидејќи Андерсон (57) неодамна ја доби првата номинација за Златен глобус за нејзината улога на Шели во драмата во режија на Гиа Копола.
Сценариото за филмот и го донесе ни помалку ни повеќе туку синот Брендон, кој претходно глумеше, а потоа стана продуцент. Брендон (28) минатата година продуцираше документарен филм за неговата мајка наречен Pamela, A Love Story. Очекувано, документарецот се занимава со животот и кариерата на актерката.
За документарецот, Брендон рече дека целта била „да им се помогне на луѓето да ја разберат и запознаат Памела бидејќи имало многу заблуди за неа и за тоа која е таа навистина“. „Тоа навистина ја кочеше во однос на можностите што и беа претставени“, изјави тој за Variety.
Брендон, кој го надгледува бизнисот на семејството Андерсон, продолжи да зборува за неговата мајка и нивната заедничка работа: „Причината поради која се вклучив надвор од работа беше затоа што беше моја лична мисија да и дадам на мајка ми можностите што ми ги даваше како дете. Таа секогаш беше таму и беше многу добра мајка, а ти во одреден момент од животот стануваш заштитник“.
„Од многу рана возраст знаев дека ќе завршам да бидам тој што ќе ги постави темелите на моето семејство и ќе се грижи за него“, додава тој. Тој исто така изјавил дека лесно ќе заработат според она што сите мислат дека е неговата мајка, но знаел дека Памела нема да биде задоволна од таква ситуација.
По објавувањето на документарниот филм Памела, A Love Story Брендон забележа промена во односот на јавноста кон неговата мајка. Со оглед на критичкиот успех на The Last Showgirl, смета дека „правецот во кој оди е фантастичен“ и дека ова не е последен пат да ја видиме Памела Андерсон на големото платно.