Џеј Ло за развод од Бен Афлек: Ништо не е случајно, се се случува со причина

Џенифер Лопез за британскиот Вог коментираше дека ги надминува тешкотиите по разводот со Бен Афлек. Актерката зборуваше за магазинот по повод претставувањето на нејзиниот нов филм Unstoppable, кој го продуцираше нејзиниот поранешен сопруг Бен Афлек.

„Мислам дека некои работи не ми се случуваат на мене, се случуваат за мене и се обидувам да сфатам која е лекцијата што треба да се научи во овој момент“, рече таа и додаде: „Кога размислувам за такви работи и останувам во еден вид попозитивен начин на размислување за тоа, полесно е да се сфати како лекција што е“.

Таа истакна дека секогаш размислува што треба да научи од животните ситуации кои и се случуваат и напомена дека не верува во случајности. „Ништо не се случува случајно. Сè се случува со причина“, додаде таа.

„Секогаш се прашувам што можам да научам и како да излезам на другата страна подобра, посилна, пообразована и некако да пораснам од таа точка“, заклучи таа на крајот.

Scroll to Top