Писателката и авторка на книгата It Ends with Us Колен Хувер ја поддржа актерката Блејк Лајвли, која неодамна го обвини нејзиниот колега во истоимениот филм, актерот Џастин Балдони, за сексуално вознемирување.
Истиот ден кога тужбата на Лајвли против нејзиниот колега стана јавна, писателката се огласи на Инстаграм.
„Блејк, ти не беше ништо друго освен искрена, љубезна, полна со поддршка и трпелива уште од првиот ден кога се запознавме“, напиша Колен покрај фотографијата на која таа и Блејк Лајвли се гушкаат.
„Ти благодарам што си таква каква што си и никогаш не се менувај. Никогаш и нема“, додаде таа.
Во тужбата на актерката се тврди дека Балдони се однесувал несоодветно на снимањето на Се завршува со нас, што резултирало со состанок на кој присуствувале многу луѓе, вклучувајќи го и сопругот на Лајвли, Рајан Рејнолдс.
Актерката рече дека однесувањето на Балдони и предизвикало „сериозна емоционална вознемиреност“.