(Фото) 12-годишната Агнеса од Скопје ја воодушеви публиката во Карнеги Хол

На натпреварот American protege кој што се одржува секоја година во Карнеги Хол, Њујорк, во декември 2024 настапи и Агнеса Русомаровска од Скопје.

Учесниците се натпреваруваа во повеќе категории: свирење на разни инструменти, classical singing, opera singing, broadway/theatre.

12-годишната Агнеса настапи во бродвеј категоријата со Tomorrow од мјузиклот Annie. Беше придружувана од пијано, а нумерата ја изведе без микрофон.

Нејзиниот обемен и јак вокал ги воодушеви сите во Карнеги Хол.

Агнеса од Скопје беше единствениот претставник од Европа во 2024 година во сите категории.

Со музика се занимава од 4-годишна возраст, а под водство на наставник пет години пее во детски хорови. Последните две години оди на поединечни часови кај Ана Костадиновска, којашто ја подготвуваше и за настапот во Њујорк.

Под нејзино менторство Агнеса се пријави на натпреварот American Protege, а победниците беа повикани да настапат во Карнеги Хол во Њујорк.

Претходно Агнеса настапи на два меѓународни натпревари во Скопје, во МНТ и МОБ, каде што освои прво место.

Scroll to Top