Меган Маркл објави дека нејзиното куче Гај починало.
Војвотката од Сасекс на својот миленик на Инстаграм му посвети емотивна објава во која му се заблагодари за долгогодишната безусловна љубов. Таа објави фотографии на кои се гледа како Меган го гушка Гај, а тој ужива во гушкањето со принцот Хари.
„Во 2015 година посвоив бигл. Тој беше во засолниште во Кентаки и му дадоа неколку дена живот. Се заљубив во него. Го нарекуваа „малечок“ затоа што беше многу мал и слаб, па го нареков Гај. Ако претходно ме следевте на Инстаграм, сте виделе многу. Гај беше со мене на Suits, кога се верив (а потоа се омажив), кога станав мајка… Беше тука за мене во тишината и во хаосот“, напиша Меган на социјалната мрежа.
„Со оглед на тоа дека сега ќе го гледате Гај во новата серија, се надевам дека ќе разберете зошто сум толку уништена од загубата. Плачев премногу. Ти благодарам за толку многу години безусловна љубов, драг мој Гај. Ми го исполни мојот живот“, заклучи војвотката.од Сасекс.