(Видео) „Те љубам“ – нова песна од Браво бенд

Страниците од приказната на момците од Браво бенд, како што и најавија, продолжуваат да се испишуваат со нови нумери, а овој пат место на нив има за песната со наслов „Те љубам“.

Свежина во звукот сега дечките внесуваат преку Весна Малинова, која се потпишува како автор на музиката и текстот и која во музицирањето на Браво бенд го внесува својот препознатлив стил. Аранжманот, пак, на оваа поп-балада е со потписот на Јован Лазаревиќ – Тукс и Милан Мијаловиќ.

Песната излегува во исто време со спот, за кој и овој пат беше задолжен веќе проверениот соработник на Браво бенд, Ѓорѓи Вацев, а кадрите за видеото се снимени на локации во Битола и на Пелистер.

„Те љубам“ е композиција за која е снимена и српска верзија и истата според најавите во етерот ќе биде пуштена во текот на следната недела, а доаѓа по одличните „Катаклизма“ и „Љубав преко мреже“.

„Како што и ветивме на промоцијата на „Љубав преко мреже“ овој пат сакавме на јавноста прво да ѝ ја претставиме македонската верзија. Ветивме и дека ќе нѐ има повеќе, па се трудиме и тоа ветување да го одржиме. Сакаме и да бидеме што е можно стилски поразлични затоа што освен што свириме сѐ, сакаме во нашиот опус буквално да има за секого по нешто“, велат момците од Браво бенд.

Scroll to Top