Актерот Хју Грант (64) во интервју за британски Вог откри дека за малку ќе ги отрул своите деца по катастрофа на скара. Тој разговарал со својата колешка Рене Зелвегер и ја шокирал со информацијата дека почнал да готви дури во шеесеттите, но се покажало дека не е многу талентиран.
„За малку ќе го отруев семејството двапати. Им дадов црви. Пилешкото не беше доволно сварено. Двапати. Печев на скара во темница и кога го заглавив ножот во месото, не можев да видам какво е. Го сервирав – црви насекаде. Децата ми се смееја. Ме замолија повеќе да не готвам“, рече Хју.
Актерот има пет деца. Тој има две деца со актерката Тинглан Хонг, синот Џон и ќерката Табита, а со сегашната сопруга Ана Еберштајн има три деца – Феликс, Лулу и Блу.