Интелигенцијата доаѓа во различни форми – од логично размислување и креативност до емоционална зрелост. Додека талентите варираат од личност до личност, астрологијата открива дека одредени хороскопски знаци имаат природна склоност кон генијалност. Еве кои хороскопски знаци често доминираат кога е интелигенцијата во прашање.
Близнаци
Близнаците се познати како комуникациски виртуози на Зодијакот. Нивниот мозок работи побрзо од просечниот интернет прелистувач и често е невозможно да се остане во чекор со нив. Тие знаат за се по нешто и можат да ве маѓепсаат со своето знаење, без разлика дали зборуваат за најновите технолошки иновации или за тајните на древните цивилизации. Нивната интелигенција лежи во љубопитноста – тие секогаш сакаат да знаат повеќе, да читаат побрзо и да размислуваат подлабоко.
Девица
Ако постои знак кој може да најде совршен ред во хаосот, тоа е Девицата. Нивниот ум е прецизен, логичен и секогаш фокусиран на решение. Покрај тоа, тие поседуваат аналитичка острина што ги прави мајстори во решавањето на проблемите. Девиците се родени и стратези; нивниот интелект сјае во ситуации кои бараат внимание на деталите. Но, не правете грешка – нивната брилијантност не е само техничка. Девиците знаат и емотивно да ги читаат луѓето, што ги прави речиси непогрешливи во одлучувањето.
Водолија
Кога станува збор за брилијантни идеи, владетели се Водолиите. Овој воздушен знак има дарба да размислува „надвор од кутијата“ и често е чекор пред своето време. Нивната интелектуална сила лежи во иновативноста – додека вие размислувате за сегашноста, Водолијата веќе планира за иднината. Водолиите имаат способност да препознаваат шаблони што другите не ги гледаат, што ги прави вистински генијалци.