Ќерката на Мадона беше во центарот на вниманието на модната недела во Париз поради нејзиниот провокативен аутфит

Лурдес Леон остави малку на имагинацијата на ревијата на машка облека есен/зима 2025-2026 година на Сен Лоран, појавувајќи се на настанот на модната недела во Париз во ништо друго освен во црн проѕирен комбинезон од тантела.

Леон беше облечена во проѕирен топ само со црни гаќички одоздола. Иако носеше предимензиониран кожен капут, тој и беше само закачен преку рамениците.

Својот аутфит го комплетираше со црни потпетици и златен накит. Ова не е прв пат Лурд да носи проѕирни парчиња кои откриваат премногу.

Дополнително, таа носеше слична облека на шоуто на Сен Лоран есен/зима 2024-2025 година, минатиот март.

Пејачката потоа се појави без градник под црн комбинезон со долги ракави.

Scroll to Top