Двајца врвни спортисти го соборија рекордот за највисоко одење по жица. Нивниот потфат се одржа на надморска височина од 2.500 метри. Тие го изведоа овој трик на небото над Ридеринг на 9-ти ноември минатата година – соборувајќи го претходниот рекорд од 1901 метар поставен три години претходно. Сега рекордот е објавен од Гинисовата книга на рекорди.
Германците Фриди Куне и Лукас Ирмлер претходно постигнаа успеси и соборија рекорди во оваа дисциплина. Во 2017 година, Кине постави рекорд за одење по 110 метри долга жица, закачено на висина од 250 метри. Во 2019 година, Ирмлер постави рекорд за должината на жицата што ја одеше, а тоа беше два километри.
Во врска со овој предизвик, дуото се соочи со одредени потешкотии, а проблемите ги надминаа со обиди и грешки. На пример, Лукас паднал од јажето двапати пред да стигне до вториот балон. Секој пад значеше дека обидот беше поништен, па тој мораше да почне од почеток.
„Главниот обид за соборување на светскиот рекорд беше доста тежок за мене. Притисокот беше огромен. На крајот почувствував големо олеснување, а моментот беше прекрасен“, изјави Лукас.
Малку подоцна, Фриди, кој го следеше секој обид на Лукас, исто така се осмели да премине.
„Гледањето како се бори Лукас беше многу страшно“, рече тој.