Хајди Клум ги изненади своите следбеници со фотографија од детството: „Имав 10 години“

Германската манекенка Хајди Клум (51), која многумина ја сметаат за една од најубавите жени на светот, неодамна сподели фотографија од детството на која позира со мачка во раце.

Со оглед на тоа дека на фотографијата е бринета, малкумина веднаш би ја познале славната убавица која е препознатлива по русата коса.

На фотографијата десетгодишната Клум носи жолт џемпер и го држи својот миленик.

„Го најдов ова. Имав десет години и бев со мојата мачка Ники“, напиша таа покрај објавата на Инстаграм.

Кариерата ја започнала на 18-годишна возраст, кога се пријавила на германскиот натпревар за убавина „Модел 92“. Меѓу 25.000 пријавени, таа ја освоила главната награда – договор вреден 300.000 долари со њујоршката модна агенција „Метрополитен Моделс“. По краток престој на Флорида, таа се преселила во Њујорк, каде што официјално ја започнала својата манекенска кариера во 1993 година.

Scroll to Top