(Видео) Фановите шокирани од ликот на Том Круз во рекламата за „Супер Боул“: „Како да е опериран од вештачка интелигенција“

„Суперболот“ не донесе само изненадувања за љубителите на американскиот фудбал. За време на натпреварот беше прикажана реклама во која е Том Круз, чиј изглед изненади многумина и предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.

Во рекламата, Круз влегува во просторија исполнета со екрани на кои беа прикажани некои од моментите од претходните игри на „Супер Боул“. Неколку гледачи коментираа дека неговото лице изгледа непрепознатливо и напнато, а многумина дури почнаа да се потсмеваат со него.

„Достигна точка во која веќе не личи на Том Круз“, „Изгледа како да го оперирала вештачката интелигенција“, „Скиентологијата воопшто не работи за неговото лице“, „Дали мислите дека Том Круз што го видовме е всушност вештачка интелигенција?“, „Се колнам дека имал фејслифтинг“, „Том Круз во Суперболот зборува за притисокот – нема поголем притисок од неговата кожа која се обидува да остане затегната на лицето“, напишаа гледачите.

Scroll to Top