(Видео) Читачот од усни открива што зборуваше Деми Мур кога ѝ побегна „Оскарот“

Актерката Деми Мур, ѕвездата на хорор-филмот „Супстанција“, беше една од фаворитките за освојување „Оскар“ за најдобра женска улога, но победата сепак ѝ побегна и статуетката отиде во рацете на 25-годишната Мајки Медисон за нејзината улога во филмот „Анора“.

На социјалните мрежи вирално стана видеото од студената реакција на 62-годишната актерка.

Читачот од усни, Никола Хиклинг, за „Дејли мејл“ откри што рекла актерката во тој момент.

„Деми рече ‘убавo’, но не се насмевна кога го кажа тоа“.

Иако многумина беа воодушевени од победата на Мајки, обожавателите на Деми Мур се собраа на социјалните мрежи и се пожалија дека актерката е изоставена.

Имено, Деми ги освои сите главни награди за улогата во филмот, освен БАФТА, поради што многумина ѝ предвидуваа дека таа ќе добие „Оскар“ првпат, а фановите го опишаа нејзиниот пораз како „најголемата неправда во историјата на ‘Оскарите’“.

„Моето срце се скрши кога Деми Мур не си го слушна името. Ова беше нејзина година. Хоророт секогаш добива нефер третман“, гласи еден коментар.

Инаку, во својот говор Медисон им се заблагодари и на другите актерки номинирани во таа категорија, меѓу кои и Деми Мур.

„Сакам да ја истакнам внимателната, интелигентна, убава и неверојатна работа на моите номинирани колеги. Почестена сум што сум во ваше друштво. Ова е остварување на сонот, веројатно утре ќе се разбудам мислејќи дека сонувам“, рече таа.

Scroll to Top