Џорџ Клуни бил виден во Њујорк со сопругата Амал Клуни, потврдувајќи ги претходните шпекулации дека ја сменил бојата на косата.
63-годишниот актер ја обои препознатливата седа коса во кафеава боја и го сокри својот нов имиџ под капа кога папараците го „фатија“ во Њујорк на 11 февруари.
Многу луѓе на социјалните мрежи се пошегуваа дека актерот има „средовечна криза“, но тоа не е причината за промената на имиџот.
Имено, Клуни ја промени бојата на косата за шоу на Бродвеј.