Моделот Роузи Хантингтон-Вајтли блесна во бикини од „Барбери“ и ја покажа својата беспрекорна фигура во новата кампања на луксузниот моден бренд.
Вајлти (38) објави атрактивни фотографии од зад сцената. Објавата предизвика лавина коментари од обожаватели и познаници од светот на шоубизнисот, кои ја обсипуваа со комплименти и пофалби за нејзиниот изглед.
Овој едиторијал доаѓа откако таа сподели серија фотографии од нејзиниот велигденски викенд претходниот ден. Роузи објави албум со семејни моменти со седумгодишниот Џек и тригодишната Изабела, децата што ги има со свршеникот, актерот Џејсон Стејтам.
Таа исто така покажа низа елегантни комбинации, вклучувајќи црна кожна јакна со бели фармерки и беж мантил во комбинација со бела маичка и очила за сонце.
Роузи е во долгогодишна врска со актерот Џејсон Стејтам (57), со кого има две деца. Двојката се сврши во 2016 година, а моделот ја сподели среќната вест на доделувањето на Златните глобуси. Иако се верени речиси една деценија, бракот не им е приоритет.