Тик-токерката Пат М., 31-годишна милениумка од Чикаго, предизвика многу дискусии на социјалната мрежа кога ја сподели причината зошто одлучила да остане сама.
И додека на социјалните мрежи често се романтизира идејата дека некој треба да биде во врска до триесеттите години, Пет, која работи во корпоративниот сектор, решила да се фокусира на себе. Нејзината објава од 22 јануари, во која таа појасни дека нејзината одлука нема никаква врска со „пребирливоста“, туку промена на фокусот од нејзиниот љубовен живот кон личен развој, досега е прегледана повеќе од 721.000 пати и лајкувана повеќе од 103.000 пати.
На видеото, Пет седи во автомобил и искрено зборува пред камерата за неодамнешниот разговор со нејзиниот татко (63), кој ја прашал дали станува препребирлива во љубовта со годините.
@patoxplomo Being single is not a problem 🫶🏽 it’s a gift right now #fyp #fypage #fypシ #foryoupage #relatable #dating #single #relationship ♬ growth – Gede Yudis
„Имам 31 година и решив да останам сингл засега. Имам стандарди, а тие не се високи. Не барам ништо од маж што не можам сама да го обезбедам“, објаснила таа.
Нејзиното видео силно одекна, особено меѓу жените, бидејќи Пат нагласила колку вложила во сопствениот емотивен развој преку психотерапија и едукација и дека очекува истото да го направи и потенцијалниот партнер.
„Со години се образував, градев кариера и се развивав, а сето тоа во свет во кој како жена на почетокот сум во неповолна положба. Ако вие како маж веќе почнувате со предност, тогаш нема оправдување зошто не можете барем да бидете на исто ниво како мене“, вели таа.
Коментарите брзо почнаа да се појавуваат, при што многу жени споделуваа свои искуства и поддршка.
„Познавам успешни жени во четириесеттите кои сè уште го кажуваат истото„, „Бев соло речиси цела триесетта! Од 30 до 38. Сродната душа ја запознав на 38, се оженив на 39 и добив дете една недела откако наполнив 41 година. Не се задоволувај со помалку! Знај ја вредноста!“, ѝ напишаа.
„Жените растат на прекрасни начини и јас сум среќна што сум дел од тоа“, заклучи Пат.