Инспирирани од една вистинска животна приказна, познатиот продуцент Роберт Билбилов, заедно со Антониа Гиговска ја создадоа новата нумера „Аман”. Песната доаѓа како инспирација од една смс-порака која гласела: „Мислев ти си ми таман, ама испадна АМАН”.
Токму оваа порака била доволна за продуцентот Билбилов да ја направи оваа композиција.
„Аман се случи многу спонтано… Тоа е песна која зборува за однос кој веќе е скршен и никогаш повеќе не може да биде ист. Некогаш премногу очекуваме, па се разочаруваме. Пресреќна сум што ова е моја прва соработка со Роберт, а за мене веќе е успешна. Коментарите од луѓето се сите позитивни, што за песната што за изгледот, а и за спотот кој го режираше маестралниот Даниел Јовески. Се надевам дека “Аман” ќе допре до сите!” – вели младата музичка ѕвезда.
„Аман” е првата песна од вториот студиски албум „Жена“.
Инаку за новата песна уште пред повеќе од еден месец беше снимен и видеоспот во далечниот Египет, каде Антониа со својот тим од соработници отпатуваа на неколку дена. Режисер на спотот е познатиот Даниел Јовески.