(Фото) Шпанската кралица повторно ги диктира трендовите

Кралицата Летиција дефинитивно е друго име за бескрајна инспирација и вечна елеганција, без разлика што носи.

Таа ја користи секоја можност да изненади со внимателно одбрани модни парчиња и секогаш е меѓу првите што го диктира стилот.

Веќе е познато дека секој пат кога се појавува, воодушевува, а неодамна, со неколку модели на пролетни фустани, направи вистинска возбуда во светот на модата.

Овој пат, убавата кралица покажа дека подеднакво добро може да носи тесни, елегантни одела, како и лабави, преголеми кои се сè почести денес.

На еден настан во Мадрид, Летиција прошета во сиво oversized одело, под кое носеше едноставна бела блуза.

Ширококото дворедно сако ѝ даде на шпанската кралица допир на елеганција и софистицираност, додека широките панталони со изразен раб го надополнија целиот изглед и повторно ја поставија Летиција на модниот трон.

Едноставни обетки и прстен беа изборот на кралицата, која и овој пат не сакаше да претерува со деталите, а успеа на свој уникатен начин да покаже како преголемите парчиња облека можат да бидат совршено женствени.

Scroll to Top