Во академската 2024/2025 година се запишале 53.535 студенти, што претставува зголемување за 2,3 проценти во однос на претходната година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, што ги објави „Макфакс“, од вкупниот број запишани студенти, за студии по здравство и социјална заштита се определиле 13.371 лице, од кои дури 10.011 жени, а 3.360 мажи.
Втори по интерес се студиите за бизнис, администрација и право – 10.839, по што следат Информатичко-комуникациските технологии (ИКТ) со запишани 8.875 студенти на универзитетите низ државата.