Објавена листа на најшарени дестинации во светот – италијанскиот остров Бурано на врвот

Нова студија спроведена од креативното студио Berlew ги рангираше највизуелно впечатливите и најшарени туристички дестинации на планетата, користејќи технологија за компјутерски вид за да ја измери „хроматската разновидност“ и „интензитетот на живост“ на боите во урбаните пејзажи.

Во анализата биле вклучени 125 од најпопуларните туристички локации, каде преку фотографии со висока резолуција, направени од улични фотографи, биле идентификувани петте најзастапени бои на секоја локација. На основа на овие податоци, направени се 625 колористички палети, кои потоа биле оценети според степенот на визуелна разноликост и живост.

На првото место на листата се најде Бурано, шармантниот остров во близина на Венеција, познато по куќите во сини, црвени, зелени и жолти нијанси. Бурано е популарна дестинација за еднодневни екскурзии и е вистински рај за љубителите на боите и фотографијата.

На второто место е Шефшауен во Мароко – градот познат по своите сини улици, додека третото место го зазема Гватапе во Колумбија, каде што секоја фасада изгледа како уметничко дело.

Топ 10 најшарени дестинации во светот:

Бурано, Италија

Шефшауен, Мароко

Гватапе, Колумбија

Вилемстад, Курасао

Хавана, Куба

Чинкве Тере, Италија

Буенос Ајрес (Ла Бока), Аргентина

Џодпур, Индија

Сан Хуан, Порторико

Истанбул (Балат), Турција

Scroll to Top