Малите, крзнени суштества со остри заби и палави насмевки станаа глобален феномен. Познати како кукли Лабубу, тие висат од чантите на познати личности како Ријана, Ким Кардашијан и Дуа Липа, а нивната популарност достигна такво ниво што побарувачката предизвика загриженост за безбедноста во продавниците.
Сепак, на интернет се шири темна теорија на заговор дека дека овие кукли носат „демонска енергија“.
Што се всушност куклите Лабубу?
Лабубу се палави суштества кои се појавуваат во форма на приврзоци. Тие се создадени од уметникот од Хонг Конг, Касинг Лунг, кој пронашол инспирација во нордиските бајки и европскиот фолклор од своето детство.
Тие се произведуваат од кинеската компанија „Поп Март“, а дел од нивната огромна привлечност лежи во форматот на „слепа кутија“, каде што купувачот не знае која верзија или боја ќе ја добие, што дополнително го зголемува возбудувањето.
Нивната популарност експлодираше до тој степен што цените за ретките примероци достигнаа вртоглави износи, при што основните бројки почнуваат од околу 14 евра, додека поголемите „мега“ изданија чинат до 900 евра.
Побарувачката стана толку голема што лондонската филијала на „Поп Март“ мораше привремено да ја прекине продажбата поради страв од насилство меѓу клиентите, а пријавени се и случаи на кражба на овие барани играчки од продавници и автомати во Сингапур и Калифорнија.
Теорија на заговор: Од симпатична играчка до демон Пазузу
Во последните неколку месеци, на социјалните мрежи како ТикТок и X, почна да се шири една морничава теорија: куклите Лабубу се всушност претстава на древен месопотамски демон познат како Пазузу.
Корисниците почнаа да ги споредуваат зашилените заби и широката насмевка на куклата со прикази на ова митско суштество. Пазузу, често прикажан со лавовско лице, птичји канџи и крилја, е најпознат на пошироката јавност како злобната сила што ја опседнала девојката Реган во култниот хорор филм „Егзорцистот“ од 1973 година.
Предупредувањата стануваат сè подраматични. „Лабубу = Пазузу. Не поканувајте демони во вашиот дом“, напиша еден корисник на социјалните мрежи.
Теоријата доби на интензитет откако едно вирално, сега избришано видео на ТикТок покажа кукла Лабу до слика од демон генерирана од вештачка интелигенција што имаше необична сличност со играчката. Тоа беше доволно за да предизвика лавина реакции.
Популарните кукли Лабубу наводно кријат мрачна тајна: бројни сопственици пријавуваат паранормални искуства
Набрзо, на интернет почнаа да се појавуваат лични приказни, што дополнително го разгоре стравот. Една корисничка на Редит го сподели своето искуство, откривајќи дека почнала да слуша чудни шепотења и кикотење во својот дом откако купила неколку кукли Лабубу.
Нејзиното момче имало кошмар во кој видел кукла како ги отвора очите. Кога звуците станале почести, двојката пронашла една од куклите скриена зад дрво за мачки, токму од каде што доаѓала бучавата. Исплашени, ги собрале играчките и ги изнеле од куќата, по што, тврди тој, чудните звуци престанале.
Други пријавиле слични искуства или се соочиле со непријатни ситуации во јавноста. Една обожавателка раскажала како еден вработен ѝ пристапил во продавница и ѝ рекол: „Знаеш, тие работи се слатки, но ако знаеш што се, повеќе нема да ги сакаш“, пред да објасни дека станува збор за демон.
Некои сопственици во паника почнаа да ги уништуваат своите колекции или дури и да ги благословуваат со света вода за да се ослободат од наводната „зла енергија“.