Земјата се тресе, но тие не – доктори снимени додека оперираат за време на потресот од 8,8 степени

Силниот земјотрес со магнитуда од 8,8 степени го погоди полуостровот Камчатка на далечниот исток на Русија, предизвикувајќи цунами високо до четири метри, оштетувајќи згради и активирајќи тревоги и евакуации низ Тихиот Океан.

Снимки од моментот на земјотресот во Камчатка се шират на социјалните мрежи.

Се појави и видео, за кое се тврди дека е снимено во болницата. На него се гледа како лекарите остануваат смирени за време на силниот земјотрес и не ја прекинуваат операцијата.

Scroll to Top