Почина Габи Новак

Легендарната хрватска пејачка Габи Новак почина на 89-годишна возраст, објавија хрватските медиуми.

Откако го загуби сопругот Арсен Дедиќ, кантавтор и композитор со кого беше во брак повеќе од четири децении, на 17 август 2015 година, Габи Новак се соочи со уште една тешка лична трагедија на почетокот на јуни оваа година – смртта на нивниот син Матија Дедиќ, еден од најистакнатите хрватски џез пијанисти, кој почина на 8 јуни во Загреб на 52-годишна возраст.

Таа целосно се повлече од јавниот живот пред нејзината смрт.

Во текот на нејзината богата кариера, таа снимила голем број албуми и синглови и соработувала со врвни композитори и музичари. Нејзините уметнички достигнувања се потврдени со бројни награди, меѓу кои и неколку награди „Порин“ – во 2002 година за најдобра џез изведба, во 2003 година за албум на годината, најдобар женски вокал, најдобар поп албум и најдобра вокална соработка, а во 2006 година ја доби наградата „Порин“ за животно дело.

Габи Новак честопати е нарекувана прва дама на хрватската поп музика, а нејзината интерпретација, емоционален израз и уметнички стандард оставија траен белег врз музичкото наследство на Хрватска и поширокиот регион.

фото: принтскрин

Scroll to Top