По долга врска, Дани Димитровска вчера му кажа „да“ на својот партнер, Горан Веселиновски – Весел.
Интимната венчавка ја прославија со своите деца – синот Лазар и ќерката на Горан од првиот брак.
Дани избра елегантна комбинација со бели панталони, додека Горан носеше бела кошула.
Ова е втор брак за Дани, а Веселиновски е поранешен кошаркар и актуелен директор на КК „Работнички“.