Деновиве видовме многу познати личности во нивните најдобри комбинации на Неделата на модата во Њујорк, а на отворањето присуствуваше актерката Пријанка Чопра, која заслужено беше во центарот на вниманието.
Модните денови неофицијално ги отвори престижната куќа „Ралф Лорен“, па Пријанка, како што се очекуваше, носеше нивна креација во која привлече внимание. Таа избра впечатлив елегантен сет од колекцијата есен/зима 2025, составен од сако со нагласени рамена и широк кафеав ремен околу половината, и лелеаво долго здолниште што ги криеше нејзините чевли.
Под сакото немаше ништо, иако класична кошула би го надополнила аутфитот, но поранешната мисица се одлучи за смел потег, да покаже гола кожа и делумно да ги открие градите.
Таа дојде на модната ревија со својот 11 години помлад сопруг Ник Џонас, кој исто така покажа дека ги следи модните трендови, и се појави во кафеав костум и кафеави чевли, а софистицираните панталони и јакна ги надополни со кафеава вратоврска и бела кошула. Тие беа совршено координирани модно и трпеливо позираа за собраните фотографи.
„Покажа зошто беше Мис на светот“, „Искрено, изгледа фантастично!“, „Секоја година станува сè поубава“, „Изгледа како кукла, прекрасна е“, „едно е сигурно кога е во прашање Пријанка – таа секогаш ќе воодушевува“, се некои од коментарите за изгледот на Пријанка Чопра.
фото: принтскрин