Земјоделец од Белгија одгледал џиновска тиква тешка повеќе од еден тон

Херман Бонен од белгискиот град Кастерле е победник на овогодинешното национално првенство во мерење тикви, откако одгледа џиновски примерок тежок повеќе од еден тон.

Бонен, чија тиква тежи 1.015,50 килограми, рече дека оваа година конкуренцијата не била толку силна како претходните години.

„Сите имаа помала тежина отколку што очекуваа, вклучувајќи ме и мене. Но, со многу време и добра грижа, резултатот дојде“, рече тој.

Тој исто така изјави дека е убаво да се биде шампион на Белгија, „но уште поубаво е да се знае дека си одгледал тиква тешка повеќе од 1.000 килограми“.

Како што откри, огромната тиква нема да биде исечена веднаш, прво ќе биде изложена на пазарот на тикви за две недели, а потоа ќе учествува во традиционалната регата со тикви.

Scroll to Top